НБК x TWISTER - ВЕНТИЛ (ВИДЕО)

НБК x TWISTER - ВЕНТИЛ (ВИДЕО)


Тазе ствар од членовите на кумановската рап групација Герила - НБК и Твистер, кои го промовираа своето најново видео на нивниот официјален youtube канал.

„Вентил“ е нивниот најнов сингл, со кој воедно момците најавуваат и нов проект - албум кој што е моментално во изработка.

Инструменталот е на кумановскиот битмејкер - Пуца Череп додека миксот и мастерингот се на Cosmic Dimension - кумановско транс дуо.

За видео обработката задолжени беа Борислав НТ и Justin Fetterley.

Уживајте во видеото: