СЕНКАТА ОД ТЕТОВО НАЗАД НА СЦЕНА ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ !

СЕНКАТА ОД ТЕТОВО НАЗАД НА СЦЕНА ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ !


Старо-ново освежување на нашата рап сцена. Од Тетово после 10 години пауза повторно со нова песна и нов видео запис ни доаѓа екс членот на култната тетовска рап група 187 Сенката.

Тој со оваа песна најавува низа гостувања и колаборации со тетовски рапери, а за почеток започнува со DJ Oky Doky на 1&2s.

Аудио продукцијата целосно му има припаднато на Милан Коса Миланов (Milanov Records), додека видеото го имаат изработено Zero budget films. Траката носи наслов Сам продолжувам и ќе можете да ја слушнете под содржината.