ТУТЕ ФТ. БОБО - СКОПЈЕ БРАТКО

ТУТЕ ФТ. БОБО - СКОПЈЕ БРАТКО


Ова дефинитивни не е Комптон, ниту пак Њујорк. Затоа рапери давајте се на отчет!  

Скопските рапери Туте и Бобо (Нов Поредок) го извадија својот нов видео запис. И двајцата артисти ни доаѓаат од населбата Аеродром, а новиот спот им е најтазе продукт во низата соработки што ја имаат остварено наназад овие двајца скопски рапери.  Се работи за одлична соработка, зачинета со заразен соулфул рефрен, со добро познатиот вокал на Туте на рефрен. Уште една градска приказна раскажана низ призмата на двајца млади артисти.

За инструменталот беше задолжен Туте - Drom Records TyTESeriouzBeatz, додека за видео обработката на истата беше задолжен Бобо - BBS factory. Линкот за да го погледнете видео записот се наоѓа под содржината.