ЗАД АГОЛОТ - ЗА КОГО БИЈАТ КАМБАНИТЕ (ВИДЕО)

ЗАД АГОЛОТ - ЗА КОГО БИЈАТ КАМБАНИТЕ (ВИДЕО)


Вчера скопската рап групација Зад Аголот на својот официјален youtube канал го промовираа својот најнов сингл од својот втор студиски албум „Зад Шпиунката“.

Ова е трет сингл од истиот и е со наслов „За Кого Бијат Камбаните“, за кое момците имаат изработено и неофицијален видео запис.

Од продукциски аспект зад интрото на тракатата стои Тревис, додека битот е на Даре ДТ. На траката се појавува и специјален гостин - гитара, Бојан Рафајловски, а траката е снимана во студиото на Зад Аголот. Миксот и мастерингот се на Јан ЗОО. Видео обработката за овој спот е на Бренсис.

Погледнете го видеото на следниов линк: