САГАТА ПРОДОЛЖУВА - ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕМИСИЈА 12 !

САГАТА ПРОДОЛЖУВА - ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕМИСИЈА 12 !


   Време е за Воспитна !

   Овој понеделник (11.01.2016) во 20 часот на вашето омилено радио www.dns.mk, ви ја закажуваме првата овогодишна емисија за Реална Мрсна Рапоина - Воспитна, односно дванаесетата емисија по ред од четвртиот серијал.
   Како и секогаш ќе започнеме со претставување на најновите странски синглови во првиот дел од рубриката “РадиоАктивни“, за истата да ја завршиме со нашите најнови македонски синглови кои ни ги испраќате. Следува дружба со нашиот гостин во куќата, со кого ќе си поприкажеме, ќе поделиме по некоја награда и нормално ќе си залееме троа. Гостин за овој понеделник ќе ни биде добро познатиот Марко Маринковиќ, односно Слаткар од Единствена Опција или пак ако милувате, Слаткаристика.  

   Едно мало потсетување за крај. Артистите кои имаат нови синглови, сакаат да ги промовираат или пак сакаат да промовираат некој настан, тоа слободно можат да го сторат со испраќање на нумерата (mp3 или wav) и инфо околу истата (истото важи и за настан) на меил адреса vospitna@dns.mk.

Како и секогаш ви гарантираме супер дружба !