ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 13

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 13


Понеделник,  како  ден  веќе  ви  е добро познатиот термин во кој 4 сезони наназад ви закажуваме рап средба на вашето единствено Радио за Реална и Мрсна Рапоина ВОСПИТНА на www.dns.mk.

Доследни на тоа и овој Понеделник (18.01.2016) продолжуваме со епизода 13 по ред па се надеваме дека нема да ни биде баксузна (Аге јас превземам целосна одговорност ако ја подречам работава - Небо) :)   

Првин ќе започнеме со презентирање на  нашиот избор за тазе мрсна рапоина од добро познатата рубрика "РадиоАктивни" делот за странски синглови, па потоа ќе се префрлиме на најновото од македонскиот дел од истата рубрика. Ваше е само да ни испратите доколку сакате вашата трака да се најде на рубриката РадиоАктивни во македонскиот дел да ја испратите на нашата е-маил адреса vospitna@dns.mk (во мп3 или wav формат) .  Истото важи и за оние кој што сакаат да промовираат некој настан.

Во вториот дел од емисијата овој пат гости во куќа ќе ни бидат млади артисти кои ни доаѓаат од Радишани, Скопје. Се работи за групата под име Патолошко Соединение составена од тројца членови :  Баркли З.И. , Морган и Grow со кој ќе позборуваме, ќе чуеме нивни траки , ќе се подружиме, напиеме и поделиме заедно по некоја награда на нашите најверни слушатели.

Се слушаме утре од 20 часот како и секогаш, да ја отвориме 95тата епизода вкупно од серијалот и конечно да стигнеме до долго очекуваната 100ка која ќе ја поминеме набрзо ,и  за која можно е да ви приредиме и една мала заедничка прослава.