ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 14

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 14


   Понеделник ли е, што ли е ?
   Во овој зимски студен понеделник (25.01.2016), во 20 часот, ќе се потрудиме да ве “изгореме“ со реална мрсна рапоина во 96-то издание на нашата заедничка емисија “Воспитна“, и тоа само на првото македонско хип хоп радио www.dns.mk.
   Започнуваме со првиот дел од рубриката “Радиоактивни“. Тука ќе имате можност да ги преслушате најновите странски синглови кои внимателно се поминати низ лупата *реална-мрсна-рапоина*. Така прочистени и сертифицирани комплетно ги задоволуваат строгите критериуми на “Воспитна“. Во овие четири години од нашата дружба имавте можност многу да научите и да се запознаете со многу нови и стари хип хоп артисти. Не дека Воспитна има влијание на светското хип хоп движење, но мора да признаете дека има њух да ги насети новите квалитетни имиња и да ви ги предочи уште од самите почетоци (пр.Joey Bada$$) како и да ве запознае помалку познатите а квалитетни постари артисти.
   Вториот дел од рубриката “Радиоактивни“ ви е добро познат - Македонски најнови хип хоп синглови. Бидејќи имавеме реален проблем околу нашиот маил, последниве две недели бевме спречени од технички причини да погледнеме што сте ни испратиле. Маилот vospitna@dns.mk од почетоков на неделава е комплетно функционален и веќе можете слободно да ни ги испраќате вашите нумери (во мп3 или wav формат) со инфо околу нив на тој маил.
   Дружењето не престанува тука, во рубриката “Гости во куќата“ ја имаме добро познатата битолска група Freеdom Fighters со која ќе се дружиме се до 22:30 часот. Ќе си поприкажеме некоја интересна сторија околу нивното постоење, ќе начнеме нешто околу битолскиот рап и неговото опстојување, ќе поделиме по некоја награда за нашите верни слушатели кои тоа може да го направите во живо преку нашиот добро познат skype кој е dnsradio.

   Како и секогаш, ветуваме добра дружба. Спремете се: Датум 25.01.2016 година, ден понеделник, час 20 часот, само на вашето омилено хип хоп радио www.dns.mk.

ПОЛЕТУВАМЕ !

пс Заборавив да напоменам дека сетто тоа добро ќе биде залеано.