ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 15

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 15


Време е за ВОСПИТНА !

Влегуваме со првата епизода во новиот месец и тоа точно на првиот ден од месецот. 01.02.2016 е датумот и уште еден Понеделник во кој тимот на Воспитна ви закажува средба на добро познатата фрекфенција на www.dns.mk . Ви ја најавуваме епизода број 15 од 4та сезона или севкупно 97та епизода од серијалот. Веќе мириса на 100ка !

Имаме доста што да презентираме и овој Понеделник, кога е во прашање рубриката "Радиоактивни". Реалната и мрсна рапоина  како и секогаш е прва на репертоар од нашата емисија во која ќе ви ги презентираме најновите странски синглови кој што искочиле во теков на предходнава недела, а секакo имаме и доста добар избор подготвено.  Не го забораваме и македонскиот дел посветен на истата рубрика а се надевам ни вие најверните слушатели, а и сите оние артисти кои што сакате да ја пуштиме вашата трака во Радиоактивни, македонскиот дел. Се што треба да направите е да ни ја испратите траката на нашиот мејл vospitna@dns.mk во (мп3 или wav формат) со кратко инфо во мејлот околу истата.  Исто така можете да ни испратите и некој хип-хоп настан кој што ќе се случува наскоро а сакате зборот да се рашири.

Кога сме кај гостите во куќа и оваа епизода продолжуваме со гости надвор од Скопје, а овој пат ќе ни застане на гости екипа директно од „градот под чадот''. Тетово е местото од каде што доаѓаат нашите нови гости, местото каде што секој рап фан знае дека се прават најтврдокорните рап шутки. ГОВЕДА е името на екипата со која што ќе се дружиме , но не се секирајте тоа не им е карактерна ни физичка особина, момците се баш кул а се претставија дури  и како здруженије на тревопасни животни :)) .  Активни под ова име од 2014, а некои од нив и подолго на рап сцената под друго име и други состави (Паци, Пенс, Тофо и Нко) ќе направат уште еден репрезент на Тетово во Воспитна, а со нив ќе поразговараме за моменталната состојба на рапот и општо градот од кој што доаѓаат, нивните траки и идни планови, ќе поделиме по некој албум, и нормално ќе се насмееме како и секогаш и ќе залиеме по троа :)

Очекувајте супед дружба утре од 20 часот на www.dns.mk и имајте убава недела.

Се слушаме !