ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 17

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 17


   Got 99 problems and a bitch ain't one. :)
   По 98 емисии за реална и мрсна рапоина стигнавме и до 99 -тата, по која излегуваме од конфор зоната и влегуваме во зоната на троцифрените броеви. Страшно [18+]... :)
   Него шалот* на страна. Уште на почеток, во првиот дел од рубриката РадиоАктивни ќе бидете ставени во збунка. Тука, ќе можете да чуете се што е реално а богами и мрсно, а се нарекува рап кој ни доаѓа од непознати предели за нас, странство. Некои персони милуваат да кажат: Од земјите на љубовта - при бидејќи - :) сите ни избегаа за малку љубов. Вториот дел од рубрикава е уште позбунувачки. Тој е наменет за новитетите кои ни доаѓаат од домашната сцена. Да биде работава врвка ние нашиот маил vospitna@dns.mk никогаш не сме го објавиле, ниту пак имаме намера некогаш да го објавиме :). Верувале или не, на тој маил можете да ни ги испратите вашите најнови рап нумери со инфо околу нив.
   Во рубриката која ни е посветена најпрво за смеење, пиење а потоа и за презентирање на рап историја(Т) на нашите гости, а оди под името Гости Во Куќата, гостин ќе ни биде опасното и речито охри(Т)ско МС - Bizzy. Мора да заприметивте дека претерав со шало(Т), нели ? Значи, малку ќе позборуваме со него околу неговите почетоци, малку за групата СТОП во која членувал, малку за некои неранимајковци а многу за убави нешта како што е еурокремот. WTF !
   Да не должам. Можете да ни се приклучите во разговорот во секое време, а тоа може да го сторите преку skype и го додатете нашиот user: dnsradio. Така спремни можете секогаш да не запрашате какво ќе биде времето утре, поради тоа што од 3 часа седење и дружење може да ни проработи лумбаргото. Не не, убаво прочитавте, лумбаргото. Не сакав да напишам енбаргото. Ало бре, ова е ВОСПИТНА - емисија за Реална Мрсна Рапоина, не е теткарско политичка емисија !
   И за крај, да не бидеме клише секоја емисија со најава “из прве“, а и верувам дека веќе ви е добро познат терминот на емисијава, тоа ќе го направам сега.
   Понеделник (15.02.2016) во 20 часот, на првото македонско хип хоп радио www.dns.mk можете да ја слушате вашата омилена емисија за реална мрсна рапоина Воспитна каде што гостин ќе ни биде добропознатиот Bizzy.
   Без п.с. ништо не правиме :). Кое (Т) не е правилно од горе наведените во заградата ? Кој одговори точно во групата на Воспитна добива ЦД.
* Шалот(шала) на страна (фраза на Воспитна)