ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 18 ( 100та ЈУБИЛЕЈНА ЕПИЗОДА)

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 18 ( 100та ЈУБИЛЕЈНА ЕПИЗОДА)


Дојде и тој ден ја дочекавме јубилејката ! 100та епизода од ЕМИСИЈАТА ЗА РЕАЛНА И МРСНА РАПОИНА -  ВОСПИТНА !

Поминаа точно 3 години од првата наша епизода на 18ти февруари 2013 година. Па некако коцките се наместија календарски, наредната емисија на 22.02.2016 година, да прославиме и 3 години од емитувањето на првата епизода на Воспитна, и бројката со која ретко може некој да се пофали кога е во прашање промовирање на хип-хоп кулутурата - 100 ЕПИЗОДИ !

3 години и 100 епизоди, & still counting. Сеуште сме полни со енергија и мотивирани од ден еден па наваму, да допринесуваме на уникатен начин, со емисија преполна со музика, дебата, факти и место каде што сите љубители на хип хоп културата можат да дознаат повеќе за историјата на оваа култура, за нови и стари артисти што ги пропуштиле, и најбитното од се ЕДИНСТВЕНAТA радио емисја во моментов која што промовира македонски  хип-хоп артисти. 
100 емисии по ред на нашите слушатели им ја даваме можноста да дознаат повеќе за артисти и групи кој се во моментов активни, кој на времето биле активни но немале можност и простор да се чуе нивната приказна, како и можност на нови млади артисти за прв пат да се појават во етер и да им се даде шанса за промоција на нивото име и мотив за понатамошно надградување и работа.

Од дј рубрики и рецензии на албуми, преку безбројните теми на дебатирање кои ги опфативме, фристај/бетел натпреварите,  Радиоактивни во која ви ги презентиравме најновите синглови како странски  така и македонски, па и никогаш исцрпната рубрика Гости Во Куќа, тимот на ВОСПИТНА сеуште докажува дека е број 1 кога е во прашање главната цел хип-хопот:  забава, едуцирање и несебично ширење и промовирање на културата.

Затоа овој понеделник ве покануваме на  добра дружба на добро познатото радио www.dns.mk , заедно гордо и со стил, но сепак скромно и со многу смеа да го прославиме со многу вино (оооваајј  рап де (:  )  и отворената линија на скајп (radiodns за тие кои сеуште не немаат додеадено)  за поздрави па и дискутирање на различни теми. Може и порачки на песни, зависи од расположение, а и роденден ни е м.м.е. :))

ПС.  Иако ние сме славениците, сепак се грижиме за вас нашите најверни слушатели, па јубилејно ќе делиме доста награди за јавувачите. :)  Ќе има албуми, ќе има двд-цња од новиот  хип-хоп документарен филм „Сложувалка“ и уште едно изненадување кое ќе ви го откриеме утре во текот на емисијата.  

Сакаме да им се заблагодариме на сите наши пријатели кои безусловно ни ја дадоа поддршката и љубовта овие 100 емисии наназад, и јас лично (Небо), од останатиот дел на тимот на Воспитна, сакам да му се заблагодарам на Аго, кој 3 годнини ни овозможува ( не трпи :D ) да сме единствени и уникатни, и да имаме бар едно катче посветено на хип-хоп културата  каде што може да се дружиме еднаш неделно.  

ДА СИ ДОЧЕКАМЕ И 200ТА ЕПИЗОДА, ЖИВЕЛИ !

СЕ СЛУШАМЕ УТРЕ ОД 20:00 ЧАСОТ НА WWW.DNS.MK ( СО АГО, ТИГАЗ, АЈС И НЕБО )  

WE AIN'T GOING NOWHERE ... WE WILL BE HERE FOREVER !

ЕДНА ЉУБОВ, ТИМОТ НА ВОСПИТНА !