ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 21 !

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 21 !


Редовно и квалитетно и оваа работна недела ќе започне со доза радио воспитување. Така и овој понеделник Воспитна продолжува со своето препознатливо темпо и шмек. Како што е редот ќе започнеме со рубриката странски радиоактивни синглови, во која ќе ги испрезентираме најновите странски траки за минатата недела. По рубриката странски радиоактивни синглови, влегуваме во македнскиот дел на радиоактивни во која ќе бидат испромовирани оние траки кои вие сте ги испратиле. Како мало потсетување, доколку сакате за утре да испратите трака,добро познатиот меил е vospitna@dns.mk.

Откако ќе завршиме со странските радиоактивни и македонските радиоактивни , од 21 часот, гости во куќата ќе ни биде останиот дел од Штипската група Штип Хоп (Пури,Панде & ВЦ). 

Како што беше најавено и во понеделнкот ќе слушнете како се оформува Штип Хоп, неколку збора за фестивалот кој се одржуваше шест години по ред во чест и сеќавање на Трајче Параспуровски - Пури, нешто околу групата Чалдисани итн. Ви ветувам дека цели 2 часа домаќините ќе успејат да ви го задржат вниманието и ќе се оствари одлична дружба со гостите и слушателите и секако ќе дознаете нешто повеќе како било на времето.

Датум: 14.03.2016
Почеток:20 часот
Место: www.dns.mk