ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 23!

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 23!


Вечерва, во добро познатиот термин од 20 до 23 часот во емисијата за реална и мрсна рапоина "Воспитна", се дружиме заедно со водителите Аге и Небо и гостите Вербал и Маестро од Штип. 

Како и секоја емисија, така и овој пат , ќе отвориме со рубриката странски радиоактивни синглови, каде што по наш избор ќе ги испрезентираме најдобрите траки излезени во неделата што помина. Во 21 часот се префрламе во рубриката македонски радиоактивни, каде ќе ги испрезентираме вашите испратени траки. Доколку имате некоја трака која сакате да биде пуштена, може да ја испратите на меилот vospitna@dns.mk.

Во 21:30 започнуваме со гостите, каде што ќе позборуваме како било на времето во Штип,а како е сега (да го чуеме мислњето на гостите, бидејќи Штип важеше за втор рап град). За групацијата Луѓе у бело, групата Егзектори, каде што гостите имаат членувано, околу нивните проекти и како доаѓаат од 2009та па до денес да соработуваат заедно. 

Местото каде што ќе можете да ја слушате емисијата е www.dns.mk, од десната страна под слајдерот со клик на натписот Слушај радио ! :) 

Сите прашања, мислења можете да ги поставите и кажете во текот 20 до 23 часот (додека трае емисијата) со јавување или пишување на добро познатиот скајп radiodns.