ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 24

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 24


Продолжуваме априлски со редовно делење на понеделнички  "воспитни" .

Утре 04.04.2016 на вашата омилена радио емисија за реална и мрсна рапоина - ВОСПИТНА, ќе имаме богат репертоар и полна куќа гости.

Во делот посветен на рубриката „Радиоактивни“ од 20:00 часот, овој пат претпремиерно ќе имаме прилика да испрезентираме дел од новиот албум на момците од скопската рап групација Зад Аголот, наречен Зад Шпиунката, како и со дел од нив да поразговараме за истиот, неговата подготовка, да навлеземе во сржта на неговото издавање, околу премиерата на истиот и нивните идни планови.

Од 21:00 часот ќе ни дојдат уште едни гости, овој пат во рубриката со име „Гости Во Куќа“, каде во остатокот од емисијата ќе се подружиме, со Брчка и Нинџа кој ни доаѓаат директно од Тетово, а на рап сцената и пошироко се попознати како Подземјето

Не заборавајте да се вклучите на www.dns.mk во Понеделник од 20:00 часот и да уживате во уште еден хип-хоп понеделник кој ви го овозможува тимот на Воспитна.

Очекувајте доста рап муабети, мрсна музика, смеа и наздравување за нашата љубов и пасија хип-хоп културата !  А не забораваме и на вас, најверните слушатели, за кои ќе имаме сигурно по некоја награда да поделиме како и секогаш .

Се слушаме во понеделник, Една Љубов!

Тимот на Воспитна !