ВОСПИТНА - СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 27 !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 27 !


Влегувајќи во последната епизода за овој месец, 27ма по ред од сезона 4 од вашата омилена радио емисија за реална и мрсна рапоина ВОСПИТНА, продолжуваме со понеделничклите хип-хоп дружби исполнети со музика, дебати и едукативни и релаксирачки рап муабети заедно со тимот од Воспитна и ДНС Радио.

Така и оваа емисија имаме нови ствари за презенитрање во Рубриката „Радиоактивни“ каде ќе преслушаме и ќе дознаеме што е тазе искочено од странската рап сцена во теков на изминатава недела. Исто така и доколку имаме македонски траки испратено на нашиот мејл (vospitna@dns.mk) ќе ги презентираме исто така во живо во оваа рубирка. Затоа не заборавајте да ни испраќате доколку сакате да се чуе вашето ново парче во оваа рубрика која служи исто така и за репрезентирање на македонски хип-хоп артисти кој сакаат нивната трака да се чуе на нашето радио.

Во рубриката „Гости во Куќата“ со почеток од 21:00 часот овој пат директно од Скопје ги имаме Токсиколози (Сиги, Кацар и Џоле) со кои имаме да направиме доста рап муабети околу нивната екипа и нивната музика, а ни доаѓаат и со убав повод, како најава за нивната концертна промоција на нивниот прв албум наречен „Пушти Глас“, кој ќе се оддржи на 28ми април, четврток, во МКЦ. Ќе позбориме околу албумот и концертот, ќе пуштиме промотивни ствари и ќе поделиме по некоја награда за нашите најверни слушатели.

Затоа аднете не на нашиот скајп (radiodns) каде што можете да се јавите во текот на емисијата, пратете не на нашата фејзбук група - „Емисија Воспитна“, и на нашата фб страна Днс.мк за најновите македонски и светски хип-хоп вести и настани.

Се слушаме утре со почеток од 20:00 часот на www.dns.mk !

Директен линк за радиотоhttp://dns.mk/radio