ВОСПИТНА СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 02

ВОСПИТНА СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 02


Се надевам сте одморени и спремни за стартот на новата недела.  Понеделник ко понеделник, ќе пројде утре за кого работно за кого едукативно, или пак слободно поминат ден. Како и да е, 20:00 часот е термин резервиран за оние вистински љубители на реална и мрсна рапоина како и расположени вистински рап глави за  малку рап муабети, информации, смеа и неколку часовна дружба во живо од студиото на ДНС.

Вашето и наше омилено катче каде заразата од хип-хоп е дијагнозата на секој закачен на фрекфенциите на www.dns.mk овој Понеделник 17ти Октомври, ќе ја отвори 2та епизода од петтата сезона на емисијата за реална и мрсна рапоина - Воспитна, заедно со домаќините на истата Аго и Небо.

Од оваа епизода па натаму продолжуваме со рубриките Радиоактивни и Гости во Куќата.  Со почеток од 20 часот ќе влеземе со рубриката Радиоактивни каде што ќе може да преслушаме нови тазе траки што искочиле во периодов додека бевме отсутни,  како и свежо скувани траки од теков на изминатава недела. Исто така продолжуваме и со Македонскиот Дел од оваа рубрика каде што нашите слушатели/артисти може да ги испраќаат своите најнови траки на нашиот мејл (radio@dns.mk)  заедно со кратко инфо околу траката и артистите, а форматот на траката да биде во мп3 или wav.  Известувајте не исто така на нашиот мејл за секој нов хип-хоп настан за кој што сакате да го прошириме зборот преку нашата емисија.

Како прв гостин за оваа сезона, со старт од 21:00 часот ќе ни биде скопскиот рап артист Дио кој пред месец дена го промовираше првиот свој соло албум наречен Над Свест , на кој ќе му направиме и една радио промоција во Воспитна, ќе поразговараме  со нашиот гостин околу неговите други проекти и ќе преслушаме од истите, ќе дебатираме ќе се посмееме, залиеме и поделиме по некое ЦД за нашите најверни слушатели.  Се што треба е само да се јавите во емисија на нашиот скајп (radiodns).

СЕ СЛУШАМЕ УТРЕ од 20:00 часот на фрекфенциите на www.dns.mk ----> http://dns.mk/radio