ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 03 !

ВОСПИТНА -  СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 03 !


Уште еден Понеделник е на прагот, што значи време е за уште една неделна доза Реална и Мрсна Рапоина !

Вашата омилена емисија - Воспитна, по трет пат оваа 5та сезона ќе иде во живо во добро познатиот термин за воспитување - Понеделник 24.10.2016  со почеток од 20:00 часот !

На менито како и секогаш, двете рубрики  - Радиоактивни (со најновите странски и македонски рап синглови)  и секогаш најитересниот дел - Гости во Ќуќата. Овој пат гостите ни доаѓаат директно од Кочани, а во понеделник вечерта ќе се дружиме со Master G и Ато. Мастер Џи ни е еден од најстарите хип-хопери од Кочани, пионер и хип хоп активист, водител на поранешната емисија Street Beat, и член на рап групата ДОМ (во кој членуваа и Духот - ДНС Екипа и Фундамент од Endemix).  Додека пак Ато ни е бит мејкер и поранешен член на Endemix кој има соработувано со рап артисти и продуценти од цела Македонија.

Очекувајте уште една одлична емизија за сите навлечени на фрекфенциите на днс.мк радио, и нормално интересни муабети, дебати, мрсни рапоини, делење награди на нашите јавувачи и неколкучасовна дружба и смеа.

И не заборавајте ! Додадете не на нашиот скајп за да се јавите во емисија: radiodns  и испраќајте ги на нашиот мејл radio@dns.mk вашите траки за македонскиот дел од рубриката Радиоактивни.

Се слушаме утре на www.dns.mk ----> http://dns.mk/radio !