ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 04 !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 04 !


Овој  последен понеделник од месецот 31.10.2016та во студиото на ДНС ќе има доста добро исполнета програма за сите заразени од Реалната и Мрсна Понеделничка Рапоина на Емисијата Воспитна.

Во студиото овој пат ќе имаме две гостувања односно, во делот за рубриката „Радиоактивни“ ќе ни биде гостин скопскиот рап артист Шинтер, со кого ќе се дружиме, поразговараме и ќе направиме радио - промоција на неговиот прв албум наречен - Шинтерница. Така да оваа емисија ќе куртулите од странскка свежа рапоина, и ќе се посветиме стрикно на нашето домашно направено, на кое секогаш му треба поддршка па затоа сме и ние (Воспитачите) тука да ви го претставиме на вашите се надевам не-пристрасни и не-селективни уши кои се секогаш расположени за нешто ново !

Со почеток од 21:00 часот во рубриката „Гости Во Куќа“ ќе ни дојдат претставници од скопската рап група Drunk Flow, па на официјална емисија ќе се ставиме на мегдан да видиме уствари колку момците пијат ! Шалот на страна, нормално околу натпреварот, пиење ќе има ко и секогаш, јер сме такви домаќини (знае кој прошол) ! Но настрана за нашата пасија (проблем), Кољо и Слика како претставници од оваа група ќе бидат зад гостинските микрофони со кој во остатокот од вечерта до крајот на емисијата ќе разговараме околу тоа што ги натерало пијани да флоуаат , ќе ја чуеме нивната музика меѓу која е и соло проектот (микстејпот) на Кољо - Како Што Врти Светот и нормално ќе си дебатираме, смееме и пожалиме околу нашава (не)култура хип-хоперска.

Секогаш сме расположени и за јавувачи во емисја така да како и секогаш ве потсеќаме дека нашиот скајп е (radiodns). И да, испраќајте ги на нашиот мејл radio@dns.mk вашите најнови траки за македонскиот дел од рубриката Радиоактивни.

Почеток на емисија 20:00 часот, линк за слушање ----> http://dns.mk/radio

Имајте убав почеток на неделата репери. One Love !