ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 05 (ДЕБАТНА) !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 05 (ДЕБАТНА) !


Овој понеделник, 7ми ноември, во вашата омилена Емисија за Реална и Мрсна Рапоина - ВОСПИТНА започнуваме со свеж концепт и нова рубрика - Дебати.

Овој вид на емисии т.е. епизоди ќе ги имаме секој месец, односно на стартот на секој месец, каде ќе се потрудиме да организираме по една дебатна емисија, во која ќе опфаќаме различни сфери на хип-хоп култирата и најактуелни тематики поврзани со рап музиката. На истите ќе бидат поканувани различни луѓе/артисти кои директно или индиректно се поврзани со хип-хоп културата во нашата земја и нормално кои мислиме дека се најкомпетентни за темата која ќе се дискутира на таа емисија. За секоја страна на темата ќе имаме бар по еден претставник минимум во зависност од темата за која ќе разменуваме најразлични мислења и ставови.

Во понеделник вечерта први гости со кои ќе имаме чест да ги отвориме дебатните емисии во Воспитна се : DJ Irie Scratch - како претставник на Трап музиката и стилот, и Марко СВП (Зад Аголот) како претставник на звукот од Златната Ера на рап музиката. Гостите водедни од домаќините, меѓусебно ќе дискутираат за судирот на генерации односно тема која многу генерации ги има поделено на две страни - новиот звук и иднината, кој завзема силен замав на светската сцена и станува нов омилен звук на помладите генерации - (Трапот), наспроти старошколскиот, хард-кор оргинален звук на Златната Ера. Ќе разговараме за стиловите, продукцијата, најпретставителните артисти, и нивните мани и предности, кој стил е подобар и дали може да се кометиција воопшто овие два правци.

Затоа сите утре (понеделник) вечер од 20 часот бидете закачени на фрекфенциите на ДНС Радио, и уживајте во дебатата заедно со нашите гости. На емисијата може и да се јавувате и да го искажете вашиот став и мислење за темата, да дадете поддршка за страната и слично,преку јавување на нашиот скајп ---> radiodns, па ве очекуваме во поголем број за да ја направиме по интерактивна и многу поинтересна емисијава нашава, една и единствена, ВОСПИТНА !

Се слушаме утре !!! Почеток на емисија 20:00 часот, линк за слушање ----> http://dns.mk/radio