ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 10!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 10!


Се надеваме ви тргна со убаво почетокот на работната недела и дека сте спремни за уште една неделна доза на Емисијата за Реална и Мрсна Рапоина - ВОСПИТНА !

Кај и да си, секој понеделник од 20:00 часот пред ДНС Радио на Воспитна уклучен да си ! smiley

Денеска продолжуваме со десеттата епизода по ред од петтата сезона на Емисијата Воспитна. Оваа емисија ни беше резервирана за дебатна емисија како што ви најавивме од претходната, но се решивме да ја преместиме за на 19ти Декември а за оваа емисија денес на 12ти Декември да си повикаме уште едни гости во куќата со кои ќе се дружиме низ цела емисија.

Овојпат гости кои ќе го посетат нашето студио се добро познатите Човекот Екс и Лудиот Стил (Деко) од легендарната формација на Клан Исток. Ќе се навратиме наназад во времето кога Арена Рекордс беше една од најактивните рап продукциски куќи од кои искочија доста квалитетни македонски рап албуми, ќе позборуваме за Кланот низ времето, за останатите соло проекти на Екс и Деко и што праават и каде ни се во моментов и многу други работи што ќе ни паднат на глава (и притоа нема да ни ја искршат) у тек на емисија.

Очекувајте добра дружба, со доста муабет а ваше е само да не пратите и доколку сакате да се јавите, да не поздравите и ако сакате да ги прашате нашите гости нешто да го направите тоа преку нашиот скајп - radiodns. Исто така потсетник за сите слушатели наши и рап артисти македонски  кои сакаат да презентираат нова своја трака, „Македонскиот дел на Радиоактивни“ сеуште си го оддржуваме, па доколку имаме песни на нашиот мејл radio@dns.mk - со кратко инфо и формат на песна mp3 или wav. и истите ќе ги презентираме на почетокот на емисијата.

Имајте убав ден и се слушаме вечер на фрекфенциите на ДНС Радио од 20:00 часот со нова сесија Воспитна !

ЛИНК ЗА РАДИОТО ---> http://dns.mk/radio