ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 13!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 13!


И конечно дојде време повторно да го окупираме етерот со звукот на реалната и мрсна рапоина директно од фрекфенциите на ДНС Радио, и да отвориме со првата епизода во оваа 2017та година

Се надевам се одморивте добро овие зимски празници па со почетокот на школското полугодие влагаме во живо со вашата омилена радио хип-хоп емисија Воспитна повторно во стандардниот термин, Понеделнички  - 20:00 часот.

За вечерва 23.01.2017та во студио ви закажуваме дружба за епизодата под број 13 заедно со Аго и Тигаз и гостите кои ни се млада рап екипа која иде под името ЕБСФ. Заедно со двајцата претставници Балдо и Марин ќе поразговараме околку нивниот рап и ќе презентираме во етер музика од нивниот микстејп наречен „Лабави Паркаџии“.

Затоа во 20:00 часот приклучете се на  http://dns.mk/radio и уживајте во уште една епизода со доста озбилни рап муабети меѓу домаќините и гостите и Лабаво Паркаџиска рап музика на Воспитна.

СЕ СЛУШАМЕ !