ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 21 (ДЕБАТНА) !!!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 21 (ДЕБАТНА) !!!


Во 21та епизода од петтата сезона на емисијата за реална и мрсна рапоина - Воспитна време е за уште една Дебатна Eмисија која што ја одржуваме еднаш во месецот. Така и за ова мартовско издание на серијалот посветен на размена на ставови и аргументи за теми кои што се на секој начин поврзани со хип-хоп културата како на светско ниво, така и на нашево поднебје издвојуваме уште една доста круцијална тема на која што вреди да се опфати и расправа.

Оваа Дебатна Емисија ќе поразговараме за политиката во хип-хопот и обратно. Дали е вмешана во рап музиката и целосно хип-хоп културата. Колку е Хип Хопот присутен  во политичкото општество како најгласен критичко-музички правец, и социјалниот активизам кој го носи со себе и  рап музиката на светско ниво. Дали постои и во Македонија, имаме ли доволно такви артисти.  Критичари наспроти партиски активисти, како да ги разликуваме. Треба ли рап артистите јавно да завземаат политичка страна или секогаш да бидат неутралниот гласноговорник на разум и критика упатен кон системот и неговото јадро.

За се ова и многу други прашања во понеделник вечерта (20.03.2017) на оваа тема ќе дискутираме заедно со двајца наши гости итоа Стиховен Калибар и Ицко од Чиста Околина. Ваше е да не ја пропуштите оваа емисија а наша должност е да ви приредиме уште една емисија каде што сите заедно (водителите, гостите и слушателите) ќе може да размениме мислења и ставови на темите кој што ги разговараме и ви нудиме шанса и прилика заедно да дојдеме до нови одговори на теми поврзани со хип-хоп универзумот !

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ !!! Почеток 20:00 часот

Линк за слушање ----> http://dns.mk/radio

Скајп за јавување: Vospitna (DNS Radio)