ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 23!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 23!


Понеделнички, 03.04.2017 отвараме со првата епиозда за овој месец, т.е. 23та епизода од петтата сезона на Воспитна.

Вечерта со почеток од 20:00 часот на фрекфенциите на ДНС Радио, во живо ќе се дружиме со нови гости и имиња кои се доста актуелни  на нашава сцена моментално, особено кога се работи за трап звукот. Водителите на Воспитна ќе поразговараат заедно со Дон Плеја и Бон Праскиза во терминот обезбеден за понеделничко рап воспитување, и ќе дознаеме повеќе работи за нив самите, нивната музика стилот кој го практикуваат, ќе најавиме настан кој што ќе се случи наскоро во Скопје а и ќе чуеме доста траки од нив.

Слушателите можат да ни се јават на нашиот скајп Vospitna (DNS Radio), доколку сакаат да ни се приклучат во емисија и да им постават прашања на гостите или да си добијат награда. Праќајте ги вашите траки за рубриката Радиоактивни (македонскиот дел), па доколку имате новитети кои сакате да ги испрезентираме испраќајте ги со кратка содржина на radio@dns.mk или на vospitna@gmail.com

СЕ СЛУШАМЕ УТРЕ ОД 20:00 ЧАСОТ  НА http://dns.mk/radio !