ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 25!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 25!


По тринеделна пауза од етерот се враќаме повторно во живо директно од фрекфенциите на ДНС Радио со вашата омилена емисија за реална и мрсна рапоина Воспитна

Како што се приближува Јуни се приближува и крајот на уште една сезона во која безпрекорно се трудевме да ви претставуваме македонска рап музика и македонски хип-хоп артисти од целото македонско поднебје. Затоа продолжуваме и ќе се потрудиме да ви овозможиме уште неколку епизоди понеделничка дружба со нови гости и многу рап.

Овој понеделник, денес 8ми Мај ја посветуваме 25та епизода на една промо дружба за настан кој што ќе се случи оваа недела токму во Скопје. Со Тони Зен како претставник на неговиот бенд Флека и дуото Inklingz (Лириковен Пироман и Lux Kmala)  ќе се подружиме и позборуваме повеќе за хип-хоп настанот под име Bronx 1.02 кој што ќе се одржи на 11ти Мај во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје во целосна обработка на DMA Music. 

Повеќе инфо за настанот тука:

(http://dns.mk/post/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8/bronx-1-02-vo-mkc-skop%D1%98e)

Се слушаме во стандардниот термин со почеток од 20:00 часот на http://dns.mk/radio !

ПС. Додадете не на нашиот скајп Vospitna (DNS Radio), доколку сакаte да ни се приклучите во емисија, да им поставите прашања на гостите и да си добиете некоја награда.