ВОСПИТНА СЕЗОНА 4 ЕПИЗОДА 19 !

ВОСПИТНА СЕЗОНА 4 ЕПИЗОДА 19 !


Последниот Понеделник од овој месец продолжуваме со емисијата за Реална и Мрсна Рапоина ВОСПИТНА, и утре на 29.02.2016 година ќе идеме во етер на датум што се случува еднаш во четири години  ... мора да ја направиме посебна емисија по тој повод :)))

„Шалот на страна“, епизода 19 од 4та сезона, или севкупно 101та епизода започнува од 20 часот на www.dns.mk во стандардно време и на иста фрекфенција ( но без далматинци и без Застави (: ) 

Како и секогаш, прво на репертоар за вечерта е рубриката РАДИОАКТИВНИ, во која ќе ги презентираме најновите странски синглови кој биле објавени неделава, а тука е и македонскиот дел од истата рубрика во која ќе ви презентираме исто така неколку нови траки кој излегле периодов.  Не заборавајте, ваша должност е само да ни испратите на нашиот мејл ( vospitna@dns.mk ) со кратко инфо околу артистот и траката доколку сакате вашата песна да ја пуштиме во оваа рубрика. Истото важи и за организатори на хип-хоп евенти кој што сакаат зборот  да се прошири, каде на истиот мејл може да ни испратите кратко инфо околу дешавката.

Во главната и последна рубрика за вечерта од 21:00 часот, продолжуваме со „Гости Во Куќата“, и овојпат како и претходните неколку артисти, ни доаѓа екипа која не е од Скопје, потoчно се работи за Централен Запад. Токму така, од градот под Марковите Кули, Прилеп, овој пат како гости ни доаѓаат Станица 048, млади момци кој носат нов звук во етерот, па конечно дочекавме шанса за да ни поминат на гости. Со Архетип, Крајм, Перо, и Џои Џо ќе се дружиме во остатокот од вечерта каде што ќе дознаеме повеќе за нивната музика, нивнот стил, и нивната приказна, како и што има ново во Централен Запад. Нормално и дека ќе се напиеме по малку, тоа не го забораваме :) Благодарение до нашиот спознор  ( П...... тие што слушаат Воспитна си знаат :D )

И не заборавајте , сеуште имаме и награди за делење за нашите најверни слушатели. Се што треба е да не аднете на нашиот сакјп (radiodns) и да се јавите. Имаме уште една влезница за концертот на GangStarr Foundation на 31.03.2016, неколку влезници за Funky Fresh vol.2 евентот кој ќе се одржи овој четврток во Клубот Капан Ан, и неколку двд цд-ња од хип-хоп документарецот Сложувалка, и различни албуми од нашите претходни гости. Оставаме на ваш избор :)

Се слушаме во Понеделник од 20:00 часот !