ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 32

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 32


   Што е многу, многу е. Редно време е да си кажеме “Збогум“ до септември !

   Дојдовме и до крајот на четвртата сезона од емисијата за Реална Мрсна РапоинаВоспитна“, емисија која се емитува во живо секој понеделник во 20 часот на првото македонско хип хоп радио www.dns.mk. Се надевам дека часовите поминати заедно со нас не ви беа залудни, ги запознавте нашите македонски хип хоп изведувачи во неофицијално издание и троа научивте нешто повеќе за нашава хип хоп сценичка па и за странската, образложивме по некој доста зборен трач, но најважно од се имавте дружбата која ви помина во смеа, но морам да признаам дека падна и по некоја солза, што е нормално. Претерано смеење си е претерано смеење :). Кога ќе се јавевте на нашиот skype, кој некогаш знаеше и да биде исклучен (Небо со “склерозата”) добивавте и по некоја награда во вид на маичка, цд или карта за концерт (добро е што не сме комунална хигиена).

   Како што е обичај во Воспитна за секоја последна емисија во сезона, ви следува двочасовно дружење со вашите водители каде што ќе ги споделиме заедно нашите импресии и сугестии од оваа сезона, а и ќе ги споделиме сите албуми кои ни останаа.

   Ви закажуваме “дуел“, слушателите vs водителите ! Се слушаме во 113-та емисија на Воспитна, понеделник, 20 часот на вашето омилено интернет радио www.dns.mk !

- Тимот на Воспитна