ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 09 !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 09 !


Се надевам сте спремни за уште едно понеделничко воспитување во живо на фрекфенциите на Радио ДНС. 

Од 20:00 часот вечерва влегуваме во етер со Емисијата за Реална и Мрсна Рапоина - Воспитна, за прв пат месецов, т.е. со деветтата епизода од 5та сезона. Наши гости оваа епизода ќе ни бидат 2/3 од скопскиот рап состав Тежок Удар (Џоле и Бамбус). Се работи за момци кои ни доаѓаат од источната страна на градот - Лисиче и кои веќе подолго време не ни се активни во раперските води, освен третиот член - Daz Flow кој активно си работи но тој нема да биде вечерва со нас во емисија. Така да со Бамбус и Џоле ќе се навратиме наназад во времето и ќе помуабетиме околу бендот, настапите, дружбите и се поврзано со нив и нивните траки во времето кога биле активни како артисти. 

Ве очекуваме сите поддржувачи на нашето радио и нашата емисија и сите заглавени на звукот од мрсната и реална рапоина да бидете присутни од другата страна на фрекфенцијата и да уживате во вечерашново раперско талк шоу проследено со многу рап, нормално ! 

ПС. За сите оние кои сакаат да презентираат нова своја трака, „Македонскиот дел на Радиоактивни“ сеуште ќе го оддржуваме доколку имаме песни на нашиот мејл radio@dns.mk - со кратко инфо и формат на песна mp3 или wav. и истите ќе ги презентираме на почетокот на емисијата.

Доколку сакате да се јавите на нашиот Скајп во живо во емисија, аднете не на ----> radiodns !

ЛИНК ЗА РАДИОТО ---> http://dns.mk/radio

Се слушаме вечер од 20:00 часот !