ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 16 (ДЕБАТНА) !!!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 16 (ДЕБАТНА) !!!


Како што знаете секој прв понеделник во месецот  емисијата за реална и мрсна рапоина - Воспитна реши да започне со  еден циклус на дебати и размени на ставови во кои ќе гостуваат разни личности од македонската хип-хоп сцена , па така и овој понеделник што следува  на 13ти февруари, ќе отвориме со првата дебатна емисија за оваа 2017та година.

Епизодата број 16 од петтата сезона на Воспитна е резервирана токму за оваа пригода, и овозможено САМО на фрекфенциите на ДНС Радио каде што САМО Воспитна ви овозможува вакви емисии, а нашиот тим како доблестни ви дава прилика која никогаш до сега не била овозможена да се разговара со секој РЕЛЕВАНТЕН или пак Нов Македонски Рап артист кој што прифатил да ни гостува и да дознаеме за него и неговата музика или пак не не одбил да се соочи на дебата за различни прашања поврзани со мак рапот и да се дознаат многу работи кои за македонската публика отсекогаш биле табу, мистерија или неодговорени и погрешно разбрани (зад грб развиени теории).  Па затоа препорачуваме на сите вистински рап глави доколку не сакате да ја пропуштите оваа емисија,  заокружете си го понеделиник и терминот 20:00 за време и место кога треба да бидете пред вашите звучници и да ја пратите дебатната емисија во живо директно од студиото на ДНС.

Гостите или пак дебатерите, како и да милувате, за оваа емисија ни се од сосема две различни сфери на хип-хоп кулутурата, и секој претставник на истата на свој начин. Од една страна еден од најзначајните ликови кога е во прашање олд-скул и андерграунд мак рап сцената Тец (The Most Wanted), а од друга страна Панчо aka Shorty P кој иако самиот не се декларира за рап артист, долго време е присутен на македонската хип-хоп сцена како артист, дј, промотер, радио водител и сл.

Двајцата ќе се соочат ( вербално на микрофон нормално ) и ќе си ги спротистават своите мислења ставови и аргументи поврзани со македонската рап музика, културата и нејзината сцена. Главното прашање зад кое секој ќе ја претставува својата страна ќе биде „Зошто секој се решил да го избере правецот што го одбрал преку кој ќе го претставува хип-хопот?". Андерграунд перспективата наспроти мејнстрим погледите за македонската хип-хоп сцена. Што  би требало да се промени, што недостасува, дали мејнстрим македонската рап музика дава погрешна перспектива за хип-хоп културата, табуто за поимот комерцијала и дали се измешани поимите за истата, дали треба македонските рап артисти треба да се трудат да придобијат и неопределена публика и на кој начин и уште многу други прашања на кои ќе се разговара вечерта.

И не заборавајте дека и вие слушателите  учествувате во оваа дебата, па доколку сакате да се јавите директно во емисија во живо и да поставите прашања на нашите гости или да дадете мислење за некое прашање од дебатата можете да ни се јавите во емисија.

ИМАМЕ НОВ СКАЈП,  па аднете не  -----> Vospitna (DNS Radio)

А на нашата нова e-mail адреса ----> vospitna@gmail.com може од сега па натаму да ги испраќате вашите најнови траки за македонскиот дел од рубриката Радиоактивни.

СЕ СЛУШАМЕ - ПОНЕДЕЛНИК 13.02.2017

ПОЧЕТОК 20:00 ЧАСОТ на -----> http://dns.mk/radio !