САГАТА ПРОДОЛЖУВА ! ВОСПИТНА (СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 01)

САГАТА ПРОДОЛЖУВА ! ВОСПИТНА (СЕЗОНА 05  ЕПИЗОДА 01)


Постот заврши! Време за нова, мрсна сезона проследена од реална рапоина !!! Етерот мислам дека доволно време одмори од нас и дадовме доста простор да олабавите од нашето "eдуцирање" - дрндање у живо од студио ( а што, да не очекувавте сериозни дипломатски муабети), демек се разбираме од рап и хип-хоп културата, маааа ајдеее молим ти се !

Затоа се враќаме (воскреснуваме) по 5ти пат, да токму така, 5та сезона ( и не е мала работа ) како што опстојуваме и ја емитуваме емисијата со повеќе од 100 епизоди зад себе, кои им претставува спас на сите вистински љубители на оваа наша култура, од понеделничката депресија на новата работна недела.

Тимот на Воспитна стартува со полна пареа, нови гости, свежо мрсна рапоина, многу сеир и смеа (експлицитни муабети - јер нели 4та категорија ! ) во нашето и ваше омилено катче каде сите завизсници од хип-хопот  ќе можеме повторно еднаш неделно да  се збереме на групна терапија директно од студиото на ДНС  !

Па ве чекаме сите вас (кој од  школо/факс, кој од работа, швалерај/џаболебарење) утре 10.10.2016та од 21:00 часот на нашата добро позната адреса  www.dns.mk >>> (СЛУШАЈ РАДИО!) да започнеме со плескање, па нека фрчат шамари (воспитни) !

Дали сте спремни ?! CAN U DIG IT ?!!