ВОСПИТНА - СЕОЗНА 05 ЕПИЗОДА 08 !

ВОСПИТНА - СЕОЗНА 05 ЕПИЗОДА 08 !


Овој понеделник 28ми Ноември, последен за месецот продолжуваме со презентирањето на реална и мрсна рапоина во етерот на вашето омилено и единствено македонско хип-хоп радио на ДНС.МК.

Како што најавивме од претходната епизода, во Воспитна, останува само рубриката „Гости во Куќа“, со кои ќе се дружиме од почеток на емисијата па се додека имаме за што да муабетиме и додека не трпите. За овој понеделник гости во студио ќе ни се младото скопско рап дуо - Inklingz сочинето од Лириковен Пироман и Lux Kmala од Рап Позитив. Веќе се познати на сцената по своите соло и други групни проекти, но како оваа формација се нови и работат на својот прв проект наречен - Tesseract . Истиот ќе го презентираме во студио и ќе поразговараме со нив околу нивниот стил, музиката, концертот на кој што работат и сите останати рап муабети што се прават понеделник навечер во живо на радио ! 

За сите оние кои сакаат да презентираат нова своја трака, „Македонскиот дел на Радиоактивни“ сеуште ќе го оддржуваме доколку имаме песни на нашиот мејл radio@dns.mk - со кратко инфо и формат на песна mp3 или wav. и истите ќе ги презентираме на почетокот на емисијата.

Се слушаме утре со нова свежа реална и мрсна рапоина на фрекфенциите на ДНС Радио. 

ПОЧЕТОК 20:00 ЧАСОТ, ЛИНК ЗА СЛУШАЊЕ ----> http://dns.mk/radio