ВОСПИТНА - СЕОЗНА 05 ЕПИЗОДА 28 !

ВОСПИТНА - СЕОЗНА 05 ЕПИЗОДА 28 !


Овој понеделинк, 12.06.2017та година, продолжуваме со емисијата за Реална и Мрсна Рапоина ВОСПИТНА ! Фрекфенцијата е стандардна како и времето, 20:00 часот на www.dns.mk, Аго и Небо ви закажуваат уште една средба, 28та по ред од оваа 5та сезона.

Како и секоја емисија, така и овој пат, даваме предност и ќе отвориме со рубриката посветена на македонските радиоактивни синглови, каде ќе ги испрезентираме вашите испратени траки. Доколку имате некоја трака која сакате да биде пуштена, може да ја испратите на нашите меилови raido@dns.mk или vospitna@gmail.com 

Во рубриката Гости Во Куќатата имаме уште една од многубројните рап групи кои ни доаѓаат од градот Битола и која ќе ни биде на гости во студио во наредните час - два. Се работи за триото наречено Threeumph, кои наскоро ќе слават 2 години од своето постоење. Се работи за млада рап група составена од Мартин Петровски - Ѕвер, Игор Петровски - Зум и Евгениј Литовски - Генчо кои до сега имаат снимано повеѓе траки заедно, соло како и соработки со некои постари битолски рап артисти. Како и секогаш ќе се потрудиме да ве запознаеме со нивната музика, нивниот стил и зашто се решиле да навлезат во оваа култура.

Доколку сакате да ни се јавите и придружите во емисијата можете да го сторите тоа на нашиот скајп Vospitna (DNS Radio).

СЕ СЛУШАМЕ УТРЕ од 20:00 часот на фрекфенциите на www.dns.mk ----> http://dns.mk/radio