ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 16

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 16


Продолжуваме со "делење воспитни" и овој Понеделник што следи !

На 08.02.2016 во стандардното време од 20 часот на вашето омилено радио за реална и мрсна рапоина, www.dns.mk , ќе продолжиме со 16та епизода од 4-та сезона (или севкупно 98 епизода) на ВОСПИТНА.

Ви закажуваме уште една средба на која ќе се дружиме дискутриаме и дебатираме за теми и новости поврзани со хип-хоп културата. Радиоактивни е првата рубрика во која како и секогаш ги го имаме изборот на она што мислиме дека вреди да се чуе и да ви го презентираме , односно најновите, тазе синглови од светската рап сцена. Исто така тука е и македонскиот дел на Радиоактивни во кој ги пуштаме сите оние песни што ќе ни бидат пратени од страна на самите артисти на нашиот мејл ( vospitna@dns.mk ).

Во рубриката Гости Во Куќа, овој пат ќе се дружиме со Детал и Лојал, односно дуото попознато како Тврда Основа. За тие што незнаат за кого се работи, на кратко само ќе напоменеме дека се екипа која ни доаѓа директно од Радовиш, активни на сцената од 2005 година и основоположници на Радовишкиот рап. Ќе презентираме трвокорни хард-кор рапоини, ќе дознаеме повеќе за момците и нивната музика, и како секогаш, ќе залиеме по некоја чаша и ќе поделиме по некој албум за нашите најверни слушатели.

Додајте не на нашиот скајп radiodns, и јавете се во нашата емисија, пратете не за сите најнови информации на нашата официјална веб страна, и нашата фејзбук страница Емисија Воспитна.

Се слушаме во Понеделник, имајте убав викенд !