ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 20 !

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 20 !


Овој понеделинк, 07.03.2016та година, продолжуваме со емисијата за Реална и Мрсна Рапоина ВОСПИТНА ! Фрекфенцијата е стандардна како и времето, 20:00 часот на www.dns.mk, Аго и Небо ви закажуваат уште една средба, 20та по ред од оваа 4та сезона.

Во неколкучасовната програма и дружба, како и секогаш ќе ја отвориме емисијата со нашата добро позната рубрика „Радиоактивни“ , во која секогаш можете да ги чуете најновите странски синглови кој биле објавени во текот на изминатата недела. Исто така тука е и Македонскиот дел на Радиоактивни во кој ги пуштаме сите песни што ќе ни бидат испратени од самите артисти на нашиот добро познат мејл (vospitna@dns.mk),  заедно со кратко инфо околу артистот и траката, а форматот на песната да биде mp3, или wav.

Од 21:00 часот во талк-шоу рубриката :D,  каде ќе си помуабетиме, повеќе од доволно (како и секогаш),  со  „Гости во Куќата“ , продолжуваме и понатаму да претставуваме артисти надвор од скопската околина. Се враќаме повторно кон еден од најактивните рап градови кој што си го држи своето реноме за настапи и шутки - Тетово.  А со нашите гости ќе се навратиме во времето и ќе ја чуеме приказната на момците од Геноцид и времето во кое тие биле активни како рап формација. Оформени од 2003та година, составена од 5 члена (Љаљо, Никола, Војо, Ламбе и Дамир) , од кој со 4ца од нив ќе се дружиме во понеделник, ќе поразговараме за рапот во Тетово, за нивните почетоци и спојувањето на Рајот и Ганџа, за рап групацијата Улична Бригада, и многуте настапи, журки во Тетово и низ другите македонски градови и многу други работи. Сето тоа плус репрезент музика од нивните компилации, залеано со добро винце и загарантирана позитивна дружба и смеа.

И не заборавајте, имаме и понатаму награди за делење, за нашите најверни слушатели. Скајп радиото ни е ( radiodns ), а остатокот го знаете вие :)  .

Се слушаме во Понеделник од 20 часот на www.dns.mk  !