ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 22 !

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 22 !


Понеделнички  -  и пролетно продолжуваме утре на 21.03.2016та со 22та епизода од Емисијата за Реална и Мрсна Рапоина - ВОСПИТНА.

Заедно со Аго и Небо, уште една понеделничка дружба за да тргне убаво неделата, со вечерна доза на доста квалитетна хип-хоп музика како од странските најнови синглови така и од македонските кои сите заедно ги презентираме во нашата рубрика РАДИОАКТИВНИ.

За секој наш артист што сака да ја испрати својата најнова трака, добро познатата процедура како и секогаш е истата. Праќајте ни ги на нашиот мејл (vospitna@dns.mk) заедно со кратко инфо околу траката и артистите, а форматот на траката да биде во мп3 или wav.  Известувајте не исто така на нашиот мејл за секој нов хип-хоп настан за кој што сакате да го прошириме зборот преку нашата емисија.

Од 21:00 часот како и секогаш терминот е резервиран за нашите Гости во Куќа. Така и овој пат, ќе се навратиме наназад во времето и ќе ја затераме старошколски заедно со Коска и Дј Славе. За тие што не знаат и двајцата ни доаѓаат од Скопје и се едни од најрепрезентативните фаци кога е во прашање нашата култура. Коска како одговорен за тоа што скоро цело Скопје а и пошироко ги носеа суканиците, а некои и сеуште ги носат кој тој ги изработува, а Славе за своите безбројни хип-хоп настапи и одлични журки. Ќе позборуваме за како била развиена хип-хоп културата во тие денови, а како сега. Ќе дознаеме повеќе и за траките на Коска кои се снимани, за Славе како ди-џеј и  продуцент, и воедно еден од постарите членови на Легијата, и многу други работи.

Затоа утре на нашето и ваше единствено македонско хип-хоп радио www.dns.mk ви закажуваме уште една неколкучасовна хип-хоп едукација во сокачето на Воспитна со нашите водители, со почеток од 20:00 часот каде што ќе дознаеме некои нови работи, ќе чуеме добра музика, ќе се насмееме, и нормално ќе залиеме за здравје.

Се слушаме утре !