ВОСПИТНА - СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 25 !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 25 !


Се надевам имавте убава недела и викенд,  па сте спремни за уште една понеделничка сесија од Емисијата за Реална и Мрсна Рапоина  - ВОСПИТНА.

Утрешната епизода, 25та по ред од четвртата сезона ја започнуваме во стандардното време од 20:00 часот на добропознатата фрекфенција на страната на www.dns.mk .  Се што треба да направите е да притиснете на копчето СЛУШАЈ РАДИО кое се наоѓа од десната страна на веб страната, веднаш под главниот постер.

Како и секогаш започнуваме со првата рубрика за странски и македонски нови - тазе синглови наречена „Радиоактивни“. Доколку имате ваша трака која сакате да ја претставите во оваа рубрика, се што треба да направите е да ја испратите на нашиот мејл ( vospitna@dns.mk ) со кратко инфо за артистот и околу  траката.

Во рубриката посветена на „Гости во Куќата“ со почеток од 21:00 часот овој пат директно од Скопје и Арената ќе ни гостува Викса или за сите попознат како Big Doggy V. Со него ќе поразговараме околу неговите почетоци, неговата музика, заедно со Пука Козметика, за неговата екипа Ќељави Глави, за Арена Рекордс како една од најпознатите издавачки куќи кога е во прашање македонскиот рап, и за многу збиднувања и приказни поврзани со овие момци.

Не заборавајте да не следите на нашата фејзбук страна Dns.mk , на фејзбук групата Емисија Воспитна, и аднете не на нашиот скајп radiodns ако сакате да се јавите во емисијата. Ќе делиме и награди :)

Утрешниот ден, т.е. понеделникот нека не ви биде демотивација со помислата за обврските кои ги носи , туку напротив како уште една хип-хоп вечер и дружба со тимот на Воспитна, исполнета со мрсни рап муабети и траки, смеа и позитивна дружба која ќе ви ја разбие монотонијата на поденеликот.

Имајте убав ден и се слушаме утре од 20:00 часот на www.dns.mk  !