ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 26 !

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 26 !


Утре, Понеделник 18.04.2016 екипата на Воспитна ви ја закажува 26та дружба по ред на вашата омилена емисија за реална и мрсна рапоина.

На добро познатата фреквенција на радиото www.dns.mk со почеток од 20:00 часот ќе започнеме со уште една епизода од сезона 4

Како и секогаш ќе започнеме со рубриката „Радоактивни" во која ќе ви ги презентираме најновите синглови кој се издадени претходнава недела, ќе позборуваме за новостите во хип-хоп светот глобално, и нормално ќе посветиме и дел на македонските синглови доколку ни имате испратено на нашата е-маил адреса vospitna@dns.mk. Испраќајте ни ги вашите траки со кратко инфо околу артистот и траката, и исто така доколку имате некој хип-хоп евент за кој што сакате да се прошири зборот без разлика во кој град се оддржува можете да не исконтактирате за да го спомнеме во делот посветен на радиоактивните.

Оваа епизода во 21:00 часот „Гости Во Куќата“ ќе ни бидат битолскиот рап артист Терор (член на рап екипата Строго Доверливо) со кој воедно ќе позбориме за новиот албум кој го издаде неодамна наречен „Школата Кроце по Корце“, и во негова придружба ќе ни дојде и Тец кој меѓудругото е и одговорен за миксот и мастерингот на албумот на Терор, а за кој не треба многу да се збори за тие што добро си ја познаваат македонската рап сцена (за тие што ја испуштиле емисијата во која ни беше Тец соло гостин ќе имате поправна шанса да се запознаете со него) :) 

Затоа имајте убаво неделно приквечерие, и супер старт на неделата, а утре во 20:00 часот тимот на ВОСПИТНА ве чека со уште една доза понеделничка рап дружба, во која ќе разговараме, ќе се посмееме, залиеме и поделиме по некоја награда нормално !

Една Љубов, се слушаме !