ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 29

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 ЕПИЗОДА 29


   Штом доаѓа понеделник, знаете, следува “лепење на шамари“ на првото македонски хип хоп радио dns.mk. Време е за емисијата Воспитна ! Така да и овој понеделник ќе се дружиме пак ! Ах колку тоа досадно звучи. Пак ! :) Се шалам. Него шалот на страна :) , ви закажуваме опасна дружба и овој  понеделник со Аго и Небо од 20 часот на dns.mk.

   Како и секогаш , така и овој пат најпрво започнуваме со странските најнови синглови излезени минатата недела, па се префрламе во македонскиот дел, каде што ги пуштаме вашите најнови траките кои ни ги испраќате на нашиот меил vospitna@dns.mk.

  21 часот е време за дружба со нашите гостите, а гости овој понеделник ќе ни се момците кои ни доаѓаат од “Лас“ Велес, а одат под името Авторизација. Повторното дружење со Авторизација е поради неодамнешното издавањето на нивниот нов албум кој носи наслов “Убитон“ за кој што ќе позбориваме во Воспитна, како и за нивните планови во иднина.

Ви ветуваме интересна емисија, не пропуштајте !