ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 30 !

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 30 !


Епизода по епизода ете стигнавме и до 30ка за оваа 4та сезона по ред. 

30 епизоди и месеци наназад редовно во 20 часот на добро познатата фрекфенција на www.dns.mk тимот на Воспитна секој понеделник е тука да ве расположи со добра доза на квалитетен хип-хоп, различни вести, па  чат пат и неколку реда муабет околу нашата култура. :)

Така и овој Понеделник, 16ти Мај продолжуваме на исто место и во исто време заедно со Аго и Небо.

Како и секогаш ќе си отвориме со рубриката посветена на странските и македонски најнови рап синглови - „Радиоактивни“. За странските синглици ќе се погрижи нашиот домаќин Аге со неговиот избор од 7 траки кои се квалитетни и  вредат да се слушнат , додека пак за македонскиот дел процедурата си е стнадардна и препуштаме на слободата на самите артисти да ни ги испратат на нашиот добро познат мејл (vospitna@dns.mk) нивните траки со кратко инфо околу истите.

Во рубриката „Гости во Куќата“ од 21:00 часот овој пат имаме гостин директно од Скопје, кој подолго време го нема на сцената па се решивме да го поканиме во Воспитна и да поразговараме и да го навратиме во деновите кога тој творел и бил активен на македонската хип-хоп сцена. Можеби најпознат за секој што ја познава добро нашата сцена по хитот - Со Моите Луѓе. Да токму така, вечерта во студиот ќе се дружиме со Спирт ! Ќе позборуваме за него и музиката кој што тој ја создал, ќе го преслушаме неговиот албум, ќе помуабетиме за дружбите за настапите како и за Храмот на Хип-Хопот а ќе чуеме и траки од компилацијата на оваа здружина.

Заедно ќе се насмееме, подружиме, залиеме и поделиме по некоја награда за нашите најверни слушатели. Затоа пратете не на нашите фб страна Емисија Воспитна и Dns.mk, и аднете не на нашиот скајп radiodns.

Се слушаме во Понеделник од 20:00 часот на www.dns.mk !

Директен линк од радиотоhttp://dns.mk/radio