ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 31 !

ВОСПИТНА СЕЗОНА 04 - ЕПИЗОДА 31 !


Тимот на Воспитна ви закажува уште една средба за претпоследниот Понеделник од овој месец.

Утре, на 23ти Мај - Понеделник, во стандардното време со почеток од 20:00 часот на www.dns.mk (ДНС Радио) со Аго и Небо, слушателите на Емисијата за Реална и Мрсна Рапоина - ВОСПИТНА ќе се дружат по 31ви пат оваа 4та сезона.

Во неколкучасовната програма и дружба, како и секогаш ќе ја отвориме емисијата со нашата добро позната рубрика „Радиоактивни“ , во која секогаш можете да ги чуете најновите странски синглови кои биле објавени во текот на изминатата недела. Исто така тука е и Македонскиот дел на Радиоактивни во кој ги пуштаме сите песни што ќе ни бидат испратени од самите артисти на нашиот добро познат мејл (vospitna@dns.mk), заедно со кратко инфо околу артистот и траката, а форматот на песната да биде mp3, или wav.

Со почеток од 21:00 часот во рубриката посветена за гости а.к.а. „Гости во Куќата“ за прв пат ќе имаме артист кој што ни доаѓа директно од капетанијата на Македонски Брод. Се работи за Ристе - Атентатор кој е активен како артист уште од 2006та година. Ќе позборуваме за неговата музика како член на групата Ридот на Смртта и како соло артист и проектите во кој учествувал, и ќе преслушаме траки од неговиот демо албум со наслов Потпис.

Во неколку часовната дружба со водителите и гостинот, ќе делиме и албуми од се што ни е останато во нашата емисија од претходните гости што ни оставиле за нашите најверни слушатели.

Затоа пратете не` на нашите фб страна Емисија Воспитна и Dns.mk, и аднете не на нашиот скајп radiodns.

ПС. Поради обврски оваа емисија може и да ни биде последна за оваа сезона. Ќе ве информираме до понеделник во емисија дали ќе продолжуваме до почетокот на Јуни или ќе ставиме крај на дружбата за оваа сезона. Се слушаме !

Се слушаме во Понеделник од 20:00 часот на www.dns.mk !

Директен линк од радиото: http://dns.mk/radio