ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 07 !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 07 !


Понеделник 21ви Ноември со почеток од 20:00 часот продолжуваме со седмата епизода од петтата сезона на Емисијата За Реална и Мрсна Рапоина - ВОСПИТНА !

За оваа епизода ви најавуваме двајца артисти кои што ни доаѓаат од Битола, а тоа се Филип - Shady, и Генго (Freedom Fighters) со кои ќе промовираме нови ствари од битолскиот рап! Од овој пат па натаму до крајот на сезоната ќе продолжуваме со Воспитна директно само со една рубрика - Гости Во Куќата со почеток од 20:00 часот па се додека имаме за што да муабетиме и дискутираме со нашите гости, како за нивната музика така и општо со хип-хоп културата глобално и сите теми поврзани со неа.  Со тоа нашите гости ќе имаат што повеќе време и од аспект на почеток на емисијата, да добијат повеќе простор за разговор и што е можно повеќе музика да пуштиме и репрезентираме во етерот.

Рубриката Радиоакивни ќе ја ставиме во мирување малку од Воспитна (мала тајна која ја најавивме) па очекувајте во скоро време, доколку се е по план, уште една можна радио емисија на нашите фрекфенции на ДНС Радио во која ќе може да чуете музика од типот како на Радиоактивни рубриката.

СЕ СЛУШАМЕ УТРЕ ОД 20:00 ЧАСОТ НА ДНС РАДИО СО МНОГУ РАП, ДРУЖБА, СМЕА, МАУАБЕТИ И ДЕЛЕЊЕ НАГРАДИ ЗА НАЈВЕРНИТЕ СЛУШАТЕЛИ!

ЛИНК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ ВО ЖИВО ВО ЕМИСИЈАТА ----> http://dns.mk/radio

СКАЈП ЗА ЈАВУВАЊЕ ВО ЕМИСИЈА ---> radiodns