ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 11 (ДЕБАТНА) + СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 11 (ДЕБАТНА) + СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ !


Конечно овој понеделник 19ти декември на вашите омилени хип-хоп фрекфенции на ДНС Радио, во емисјата ВОСПИТНА ќе имаме доста квалитетна и одлична програма исполнета со доста интересни гости, дебати, дружби и музика !!!

Втората дебатна емисија која ќе се оддржи во живо на Воспитна е само дел од тоа што ќе го слушате вечерта, но пред да започнеме со неа ќе имаме уште еден куп гости кои на почетокот на емисијата ќе ни наминат во студио.

Значи од 20:00 часот па до 21:00 ќе се дружиме со претставници од екипите на Зад Аголот и потоа со Trap Da Fuck Up колективот кои во рок од 2 дена разлика ќе имаат свои самостојни концерти во МКЦ. Ќе поразговараме околу настаните, оганизацијата на истото и ќе направиме репрезент на нивната музика а воедно и ќе поделиме по некоја карта од овие два концерти за нашите најверни слушатели затоа пратете не !!!

Од 21:00 часот па до крај на емисијата започнуваме со уште една интересна дебата каде заедно со Сиги (Токсиколози) и Пикси (Авторизација) ќе дискутираме на тема која го засега македонскиот хип-хопот, односно во кој правец се движи истиот. Дали е во стагнација, застој, и повторување на еден ист шаблон или пак еволуира, се развива и следи чекор со модерното и новото. А со тоа и ќе се надоврземе на тоа дали треба артистите да се прилагодуваат на трендот и актуелното.

Ќе има доста интересни прашања кои ќе се отворат на кои се надевам нашите гости ќе разменат доста интересни ставови и одговори, но не заборавајте дека тука и публиката може да се приклучи и да се надоврзе на темата или да постави прашања кон гостите!

Затоа аднете не на нашиот скајп - radiodns, пратете не и очекувајте не со многу музика, информации, дружби, дебати и размена на ставови во новата 11та епизода од петтата сезона на емисијата за Реална и Мрсна Рапоина - Воспитна.

Се за Македонскиот Хип-Хоп !

БИДЕТЕ ОНЛАЈН ВО ЖИВО И ПРАТЕТЕ ! ПОНЕДЕЛНИК 20:00 ЧАСОТ !

ЛИНК ЗА СЛУШАЊЕ: http://dns.mk/radio

ЕДНА ЉУБОВ !