ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 15 !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 15 !


Вечерва 6ти февруари, со почеток од 20 часот на фрекфенциите на ДНС Радио, емисијата за реална и мрсна рапоина Воспитна по 15ти пат оваа петта сезона ќе иде во етер во стандардниот свој термин за сите најверни слушатели на секоја понеделника наша рап сесија. 

Овој пат во куќата водителите ќе се дружат заедно со Стеф и Кики кои се дел од скопската рап групацијата наречена Вербален Терор. Формирани на почетокот на 2000-те и активни во претходната деценија со настапи низ многу градови на мак рап сцената, ќе се навратиме и ќе се потсетиме на нивната музика и ќе ја чуеме нивната приказна и нивната перспективата за македонската хип-хоп култура и рап музиката во тоа време.

ПС. Доколку имате нови траки кои сакате да бидат испрезентирани во македонскиот дел на  радиоактивни, испраќајте ги на ago@dnsproduction.com со кратко инфо за самата трака и артистот.

СЕ СЛУШАМЕ ОД 20:00ч на ---> http://dns.mk/radio