ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 19 !

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 19 !


Уште еден понеделник и уште една 19та по ред епизода од петтата сезона на емисијата за реална и мрсна рапоина ќе оди во живо на фрекфенциите на ДНС Радио, во стандардниот термин од 20:00 часот.

Водителите оваа емисија ќе се дружат со Спит и Владо 'Yo кој одат под името Конфликт и ни доаѓаат од Струмица. Конфликт се млад хип-хоп бенд кој моментално продира на музичката рап сцена. Формиран на 22-ри март 2013 година, т.е. како роденден се бележи првото влегување во студио и снимање на нивната прва песна Борба. На почетокот екипажот броел двајца: Спит (MC) и Шпики (MC) а во 2014 во тимот влегува Владо'Yo кој работи како продуцент, beatmaker и MC, а по две години оттогаш Шпики ја снима последната песна (Доколку би знаеле) и излегува од игра за сега да се во овој моментален состав.

Заедно со Спит и Владо ќе се подружиме во терминот резервиран за воспитување, и ќе дознаеме за нивната музика и нивните соработки и проекти, и многу други работи поврзани со рап музиката конкретно во Македонија а и градот Струмица. 

Доколку сакате да ни се јавите во емисија ве очекуваме на нашиот сакјп Vospitna (DNS Radio), а исто така може да ни ги праќате и на нашиот меил radio@dns.mk или vospitna@gmail.com вашите најнови траки со кратко инфо за да ги промовираме во рубриката посветена на тазе македонски рап песни - Радиоактивни.

Имајте убав старт на неделата, а понеделник вечерта 06.03.2017та од 20:00 часот ве очекуваме на -----> http://dns.mk/radio на уште една понеделничка рап дружба со водителите на Воспитна и вечерашните артисти (гости).