ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 22!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 22!


По дебатната емисија минатиот понеделник продолжуваме и понатаму со епизодите во кои презентираме реална и мрсна македонска рапоина и се дружиме со различни рап артисти од цела Македонија.

Во оваа 22 епизода од петтата сезона на Воспитна гости ќе ни бидат Лудиот Ем-Си и Луцифер (Shady) кои ни доаѓаат директно од Битола,  кој како град во последно време може да се рече дека е меѓу најактивните кога е во прашање рап музиката. Ништо помалку не се ни нашите гости во емисијата со кој ќе заедно ќе направиме една радио промоција на нивните два нови проекта кој пред скоро време беа промовирани. Се работи за „Златниот Албум“ на Лудиот Ем-Си, и заедничката компилација на Луцифер и Лудиот Ем-Си - „Стиховна Деструкција“. Ова и уште многу други работи поврзани со нашите гости ќе ги дознаеме во новото понеделничко издание на нашата емисија.

Ги потсетуваме нашите читатели и слушатели на ДНС Радио и Воспитна, дека секоја емисија сеуште продолжуваме и со пуштање на траки во рубриката Радиоактивни (македонскиот дел), па доколку имате нови траки испраќајте ги со кратка содржина на radio@dns.mk или на vospitna@gmail.com.

Исто така доколку сакате да ни се јавите во живо во емисија додајте не на нашиот скајп - Vospitna.

Имајте убав почеток на неделата и останете хип-хоп ! 

ПОНЕДЕЛНИК 27.03.2017 / ПОЧЕТОК 20:00 ЧАСОТ НА ---> http://dns.mk/radio 

СЕ СЛУШАМЕ !