ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 24!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 24!


Овој понеделник 10ти април, на фрекфенциите на ДНС Радио, продолжува понеделничкатата доза на рап воспитување.

24та епизода од петтата сезона на емисијата за реална и мрсна рапоина - Воспитна е посветена на двајца нови гости во нашето студио со кои до сега не сме имале прилика да се дружиме, па продолжуваме со премиерното претставување на македонски рап артисти.

Утре во студио ќе си помуабетиме со двајца артисти кој што ни доаѓаат од различни градови - Ноце (Куманово) и Хајпер (Скопје), па придружете ни се во добро познатиот термин од 20:00 часот ---> (15 минути поминување понатекеј ... кој слуша Воспитна знае .... уствари ај бидете си на време пуштени). Ќе дознаеме за нивната музика, и нивните погледи за хип-хоп културата во Македонија, а и нешто повеќе околу нивното учество и искуство како натпреварувачи, во бетл лигата на Рап Скилз Македонија.

ПС. Ги потсетуваме нашите читатели и слушатели на ДНС Радио и Воспитна, дека секоја емисија сеуште продолжуваме и со пуштање на траки во рубриката Радиоактивни (македонскиот дел), па доколку имате нови траки испраќајте ги со кратка содржина на radio@dns.mk или на vospitna@gmail.com.

Исто така доколку сакате да ни се јавите во живо во емисија додајте не на нашиот скајп - Vospitna.

Ве очекуваме утре на уште една понеделничка вечерна дружба во живо на ---> http://dns.mk/radio