ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 30 (SEASON FINALE)

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 30 (SEASON FINALE)


Дојде и последниот понеделник за ова петто по ред сезонско издание на вашата и наша омилена емисија за Реална и Мрсна Рапоина - Воспитна, на првото и единствено хип-хоп радио ДНС.МК .

Вечерва ќе заокружиме со 30та епизода за оваа сезона, или вкупно 145та епизода исполнета со дози на воспитување, смеење, дружби, едукацја и промоција на мрсна рапоина! Затоа ве покануваме во стандардното време од 20:00 часот на добро познатите фрекфенции на ДНС Радио да ја затвориме заедно Воспитна за летово и ние да земеме малку воздух од етерот. 

Се надеваме дека до сега епизодите во кои се потрудивме да ги направиме интересни и да презентираме што е можно повеќе музика и артисти кои би ги доближиле до вашето око и уво, а и пробавме да дебатираме во неколку епизоди за теми кои што се битни за хип-хоп културата. Се на се, нашатата посвета и единствена цел беше за доброто и воздигнувањето на македонскиот хип-хоп. Ние го дадовме нашиот максимум и се надевам уживавте во тоа.

Затоа ние водителите од ВОСПИТНА ве покануваме вечер во живо на http://dns.mk/radio со рап музика и лаф муабет без гости да се подружиме во периодот од час, два одјава за сезоната во кој заедно со вас ќе направиме еден throwback на се до сега што се случуваше во нашата емисија. 

Вечерва ќе поделиме и по некоја награда од цедињата што ни останале за делење дадени од нашите претходни гости, па затоа ве очекуаме да ни се јавувајте на нашиот скајп ( Vopsitna DNS Radio), и ќе си добиете це-де по ваш избор.

ВЕЧЕРВА  (понеделник 26ти Јуни) 20:00 часот ! Па се надеваме дека ќе се чуеме повторно со уште една нова сезона во периодот што доаѓа.

That's all Folks .... Една Љубов Хип-Хоп !