ВОСПИТНА - СЕЗОНА 5 ЕПИЗОДА 17

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 5 ЕПИЗОДА 17


20.02.2017 (понеделник), уште еден ден резервиран за емисијата за реална и мрсна рапоина - Воспитна. Овој понеделник ни доаѓа помладиот член (Влатко) од дуото Како Браќа

Како Браќа е инаку група која доаѓа од Штип , а во рап играта се повеќе од 20 години. 

Влатко започнува во период од 94-96та со обидот да се формира групата Грбави рапери, но по неколку месеци се растура и ја оформуваат групата Како Браќа со неговиот постар брат, која активно твореше до пред некое време.

За почетоците на Влатко, како се снимало тој период и зошто сега повеќе не снимаат, ќе можете да слушнете утре од 20 часот на првото македонско хип хоп радио www.dns.mk .