EM.PRODUCTION - SAD LOVE EP (VOL.1)

EM.PRODUCTION - SAD LOVE EP (VOL.1)


"Em.Production" е аудио продукција која е основена во 2012та година како знак на спојување на силите од по младите Хип-Хоп артисти. Членовите на "Em.Production" работат подолг период пред 2012та година и имаат веќе издадено многубројни aудио изданија. "Em.Production" од година на година ги распростава нејзините таленти и можности за остварување и реализација на разновидни проекти и подвижи во музичката индустрија.
„Sad Love EP“ e првото EP на Емил од оваа продукција и се работи за инструментали со Рап/Трап/DarkAmbient стил на звук. Сите инструментали се продуцирани од страна на Емилио М, а самиот тој најави дека наскоро ќе излезе и vol.2 од истото EP со повеќе траки.
Продуцентот е отворен за соработка и истите инструменти може да бидат искористени доколу некој сака да снима на нив, па за истите можете да го исконтактирате Емил. Во меѓувреме уживајте во инструменталите на линкот подолу: