ИНТЕРВЈУ СО ЈАНТАР

ИНТЕРВЈУ СО ЈАНТАР


Ја отвараме категоријата интервјуа. Првото интервју кое го направиме е со хрватскиот артист Јантар. Јантар открива што има до сега сработено,што спрема, неколку збора околу Rap Skillz итн. Да не ја должиме многу, ве оставам да уживате во интервјуто кое се наоѓа под содржината.

dns.mk: Здраво Јантар, како е денес?:-)

Jantar: Поздрав брате, еве работно како и обично.

dns.mk: Од каде доаѓа Јантар кои ти беа првите допири со рапот, како навлезе во играта?

Jantar: Јан Миклаужиќ а.к.а Јантар доаѓа од Иванец. Иванец е мал град во близина на Вараждин и е прилично изолирана средина во која нема премногу место за хип-хоп. Првото запознавање со рапот беше во основно школо (Beastie Boys – Licence To Ill, Ice-T – Iceberg и MTV/VIVA глупости). Во 6 одделение прв пат слушам за Неред и Стока - Спремни За Рат, Трам 11 и останатите хрватски ветерани и тој период ме навлекува во пишување на текстови. Прво почнав да пишувам текстови кои немаа премногу смисла, но на моја среќа прилично брзо го фатив ритамот со вежбање и го градев своето тогашно flow. Во прва година средно школо веќе имав оставено разни проекти зад мене кои за жал беа изгубени при паѓањето на хард дискот и лошата организација на снимените CD-иња. Постојат некој работи кои планирам да ги извадам во некој „early days“ микстејп. После тоа купив и озбилна опрема и снимив многу повеќе,запознавав екипа од околината и присуствував на првиот „pisanim verse betlovima" во Вараждин, Лудбрег и околните места. Се надевам дека некогаш ќе излезат некои снимки бидејќи знаеше да биде заебано. Подоцна ја запознав екипата од Загреб и другото остана минато.

dns.mk: На што работиш моментално и што имаш оставено позади себе?

Jantar: До сега имам извадено неколку албуми како соло изведувач (Ukratko, Jedna Ljubav A Kurva, Svetište Svinja) и 2 албуми со група (Skunk – Mauzolej со бит-мејкерот Kolak i Oni – Lajtmotiv чии што членови се: Kali, Scriptor, moja malenkost, бит-мејкер Kolak и DJ Noki Nole). Моментално е при крај албумот "Uspavanka za smrt" со бит-мејкерот Фундамент и почнувам да собирам материјал за друг Skunk албум.

dns.mk: Од каде доаѓа соработката со Фундамент? - Дали и Фундамент ќе го слушнеме како MC или само продуцент на албумот? - Ќе ни откриеш ли што теми ќе преовладуваат на албумот и кои артисти ќе гостуваат?

Jantar: Фундамент и јас сме во контакт повеќе години и редно беше нешто да направеме. Тој исклучиво е бит-мејкер во албумот. Албумот е можеби до сега најлично сработено дело во кое преовладува прилично морбиден и депресивен звук. Секако постојат и headbanger-и кои го побиваат тоа. Има и и откачени storytelling како и обично. Сигурен сум дека Фундамент беше изненаден од изборот на битови и теми ама на крај се се поклопи и јас сум многу задоволен. Други соработувачи освен Страјк нема. Dj Noki Nole влегува со некои скречови и воглавно тоа е тоа.

dns.mk: Кога треба да го очекуваме да излезе албумот, дали значи дека ќе треба да те видиме за брзо време во Македонија на промоција?

Jantar: Се надевам дека албумот ќе излезе за најмногу неколку месеци и секако ќе ми биде мило ако се појавам во Македонија. Подолго време планирам да настапам кај вас ама во тоа ме спречуваат работните и домашните обврски.

dns.mk: Од каде произлегува инспирацијата, кој стил најмногу сакаш да го негуваш?

Jantar: Инспиреацијата е се, но во исто време и ништо. Најмногу работните навики. Најмногу го сакам мрачниот стил. Raw срање.

dns.mk: Те видовме на рап скилз. Зошто е рециталот без инструментал, дали артистите одлучуваат за тоа или организираторите? Како помина инаку на рап скилз, дали такви настани фалат на балканот?

Jantar: Rap Skillz е организација која промовира pre written acapella mc betlov-и како што прават и во странство. Тоа не се freestyle betlov-и па тоа е причина што нема битови. Најбитна е содржината и delivery,а битовите ќе сметаат на слушателите добро да ги сватат навредите спрема противникот. Таква е традицијата. Помина супер. Јас на тоа гледам така затоа што сум еден од ретките MC-иња кои се влезени без многу размислување. Единствено важно ми е што тоа е забавно. Гледам на Rap Skillz како спортска(натпреварувачка) забава и тоа е доста одвоено од мојата рап страна. Сега веќе не недостасуваат. Rap Skillz се проширува многу брзо па наскоро очекувајте сешто.

dns.mk: Се има ли случено лична пресметка после некој бетел на рап скилз?

Jantar: Па не. Сметам дека сето тоа е дел од играта и за некој кој тоа озбилно го сфаќа не му е местото во Rap Skillz.


dns.mk: Со кој македонски артист би сакал да направиш бетал?

Jantar: Искрено ниту со еден. Јазичната разлика е причината.Многу тешко би се разбирале меѓу себе.

dns.mk: Дали мислиш ли дека рапот треба да е базиран на реалноста и колку раперите се искрени самите со себе во текстовите ?

Jantar: Секако.Но се зависи од моментот.Во мојот случај се зависи од расположението. Кога имам потреба да го исфрлам бесот или некои други емоции веднаш барам прикладен бит и така почнувам со пишување. Кога имам потреба да бидам креативен пишувам self/battle рап минијатури итн. Секој има своја визија на реалноста па е многу тешко да се одреди што е real, а што не.

dns.mk: Како гледаш на вашата сцена? Кое е твоето мислење за комерцијалните рап артисти? Кажи ни некој збор за вечната дилема комерцијала и хард кор?

Jantar: Ако ништо друго нашата сцена е многу разнолична. Има од се по нешто што е голем плус, па слушателите имаат избор. Комерцијални рапери хехе. Сметам дека нема ништо лошо ако некој добива пари за нешто што безкомпромисно работи и што го развеселува, а притоа е добро придружен од медиумите и прифатен од страна на публиката. Но ако ја работи музиката окован од страна на издавачката куќа или најмногу поради тоа што мисли дека е во тој момент на сцената......труба.

dns.mk: Како би ја оценил балкансата рап сцена, која држава мислиш дека го има најтврдокорниот рап?

Jantar: Секоја држава има свој плус и минус, ама подолго време тврдам дека Македонија има најтврдокорна рап сцена. Dj Noki Nole е најзаслужен за моето запознавање со тие материјали. Секоја чест.

dns.mk: Постои ли некој артист или група кои имаат влијание врз твоето музичко творештво?

Jantar: Се што слушам делува на мене и моето творештво така да ви благодарам на сите за трудот. Благодарам на добрите MC-иња за супер елементите на рапот, а исто така благодарам и на лошите за да знам што да избегнувам.

dns.mk: Со кој артист би сакал да направиш соработка?

Jantar: Моментално немам некој преголеми желби и амбиции за разни соработки. Најмногу сакам да снимам со луѓе кои ги познавам и со кој многу комуницирам. Може да речам пријателите.

dns.mk: Места каде што имаш настапувано ? - Која публика ти има оставено најмногу впечаток за време на настап?

Jantar: Сум настапувал на многу места во Хрватска, еднаш во БиХ и Словенија. Се надевам дека наскоро ќе ги посетам  Македонија и Србија. Најомилени ми се настапите во Загреб. Тамо е мојата екипа, а дружењето ми е најбитно кај настапите.

dns.mk: Кои се твоите идни планови, освен албумот со Фундамент, што друго треба да очекуваме од Јантар?

Jantar: Supavank и Skunk веќе ги спомнав. Снимени се доста откачени соработки кои наскоро ќе излезат и се надевам со некој добар bettal во Rap Skillz организацијата. Освен тоа немам некој други планови. Некои кратки EP-иа (имам неколку договорени), меѓутоа се зависи од тоа колку ќе имам време.

dns.mk: Како би ја оценил dns.mk, оценка од  1-5?:-)

Jantar: Супер сајт. Само малку ја прегледувам.Петка затоа што ја пратите мојата работа. :) Фала на прашањата брате! Поздрав до dns.mk екипа и сите читатели. 

dns.mk: Ти благодараме за издвоеното време.

*Интервјуто беше одговорено на хрватски, а преводот го имаат направено Стефан Манџуковиќ и Павел Илоски.