НЕШО АВТОРИЗАЦИЈА - СЛЕПИЛО (ВИДЕО + КРАТКО ИНТЕРВЈУ)

НЕШО АВТОРИЗАЦИЈА  - СЛЕПИЛО (ВИДЕО + КРАТКО ИНТЕРВЈУ)


Пред неколку дена Нешо од велешкиот рап состав Авторизација ја презентираше својата најнова трака наречена „Слепило“ за која сними и видео.

Со Нешо разговаравме на кратко околу инспирацијата за истата и што го натерало да ги испука овие  стихови со социјална тематика  посветени на неговата околина и општеството што не опкружува. Ја посочува  „Носталгија“ од Страјк како најголемо влијание за да ја раскаже приказната во Слепило, а траката се решил да ја крсти со тоа име поради тоа што според него - луѓето на сите срања што им се дешаваат во последниот периот реагираат слепо на јавните тајни и се решаваат да продолжат по патот на лагата.

„Знам дека ако живееш во еден систем мораш да го следиш за да живееш, а ако не го следиш горишн,но, секогаш има простор за да си ја купиш слободата без да го "дудлаш". Нека ми го запамтат зборот дека стојам на страната на работничката класа и останувам таму кај што сум со размислувањето, а физичката моја појава ќе движи низ светот и како што кажав се што стекнав знаат моите блиски, со рацеве го створив и со овие 10 прсти. Немам план да бидам млад полтрон кој размислува само како да го заебе братот за брзи пари.“ - Нешо 

За крај Нешо испраќа и една порака до сите слушатели чиј уши ќе стигнат на оваа трака:  „Ова што го живееме е голем стрес и притисок без разлика дали имаш кеш или немаш. Едноставно си отруен од срања што немаме потреба од нив на овие години. Дури и постарите веќе се издепресирани и збунети што понатаму па после неколку години под стрес, иде неубавиот момент СМРТ.  Нема да покренам иницијатива за револуција пошто немам поддршка а сам портив сите едноставно неможе да се оди така да нека оди како што е иднината, не си ја знам ни па знам каде ми е али немам намера да живеам стресно под чизмата на оние кои ми го наметнуваат стресот. Fuck Off на секој што ќе проба да ми наметне црн живот.“

 Живототв е Убав кога кругот е мал а за мојот круг знае колку е мал мојот брат Даниел. - „Племе“

Битот е на Pizzi (Живко Николов), а снимано е во Импакт Продукција.

Уживајте во најновото видео на Нешо и неговата порака за ова Слепило: