20 ГОДИШНИНА ОД INFINITE АЛБУМОТ НА ЕМИНЕМ (INFINITE F.B.T. REMIX + КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕЦ)

20 ГОДИШНИНА ОД INFINITE АЛБУМОТ НА ЕМИНЕМ (INFINITE F.B.T. REMIX + КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕЦ)


Пред недела дена навршија 20 години од кога најпознатиот белец во хип-хопот се претстави на светот со својот деби албум - Infinite.

Тогаш само уште еден рапер од гетото на Детроит а денес жива легенда и еден од најдобрите на сите времиња, со поддршка од својот долгогодишен пријател од Детроит и неговата група Д12, Mr.Porter a.k.a Kon Artis како целосен продуцент на тој албум успеваат да се пробијат на андерграунд сцената низ Америка, за да стигне гласот до Докор Дре и Еминем да е тоа што е денес.

По тој повод, Еминем објави 20 years anniversary remix на истоимената трака Infinite од албумот, и краток документарец Partners In Rhyme - The True Story Of Infinite. Во него се обработува приказната на Еминем како го создава своето име, првите настапи и пријателства во рап играта, и процесот до создавање на неговиот прв албум, раскажан од него преку стари снимки слики и интервјуа.

Преслушајте ја песната и погледнете го краткиот документарец на линковите под текстот: